Дипломатскиот кор кај Иванов!

17.01.2014 12:53

Традиционалниот прием за  Новогодишните и Божиќните празници за претставниците на дипломатскиот кор  акредитирани во Република Македонија што го организира претседателот на Република Македонија  Ѓорѓе Иванов годинава ќе се одржи на 18 ти јануари воГевгелија во свечената сала на хотел „Аполонија“.

Традиционалниот прием за  Новогодишните и Божиќните празници за претставниците на дипломатскиот кор  акредитирани во Република Македонија што го организира претседателот на Република Македонија  Ѓорѓе Иванов годинава ќе се одржи на 18 ти јануари воГевгелија во свечената сала на хотел „Аполонија“. На 19 јануари во салата на хотел „Рамада Плаза“ ќе биде организирана презентација на инвестициските можности на Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово од страна на градоначалниците на овие општини .  Инаку, на 19 јануари, по повод верскиот празник Богојавление-Водици,  дипломатите  ќе присуствуваат на традиционалното осветување на водата и спуштање на светиот крст во Дојранското Езеро.