Седници на шест собраниски комисии

22.09.2015 10:48

На дневен ред на Комисијата за одбрана се предлог законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема...

Во Собранието за денеска се најавени седници на Комисиите за одбрана и безбедност, за транспорт, врски и екологија, за образование и наука, за труд и социјална политика и на законодавно-­правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана се предлог законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, во прво читање и предлог ­ законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање, а на Комисијата за образование- предлог­измените на законите за основно и за средно образование, за наставници во основно и средно образование.