Бегалската криза го отвора прашањето за националната независност во Унијата
Ако продолжат недоразбирањата, пред се со земјите од Централна Европа, Брисел може да наложи мнозинско гласање наместо едногласна одлука...

Вонредна средба на министрите за внатрешни работи од Европската Унија во врска со спорот за мигрантските квоти. Ако продолжат недоразбирањата, пред се со земјите од Централна Европа, Брисел може да наложи мнозинско гласање наместо едногласна одлука.
Со ова, според експертите, бегалската криза првпат го отвора прашањето за националната независност во Унијата. Унгарија, која ја зазеде најцврстата позиција против мигрантите, и даде на војската овластување да користи гумени куршуми и солзавец против мигрантите.
„Сакам да знам какво решение подготвија затоа што досегашните се неприфатливи за нас. Србија може да биде дел од европското решение, но не и жртва на европското немање решение“, изјави Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Србија.
Во Хрватска, во привремениот камп Опатовац накусо дојде до судир меѓу полицијата и бегалците кои се обиделе да го продолжат патот. Германската канцеларка Меркел ги повика САД да се ангажираат повеќе во момент кога Европа се соочува со најголемиот прилив на мигранти од Втората светска војна.
