Берлин: Рации против врбувачи на борци за ИД, вмешан и 19- годишен Македонец

22.09.2015 11:07

Приведен е 51-годишен Мароканец за кој постојат сомневања дека регрутирал џихадисти, а се испитува и 19-годишен Македонец, за кого се претпоставува дека во моментов се наоѓа во Сирија.

Германската полиција извршила осум рации во Берлин против осомничени врбувачи на борци за Исламска Држава.

Меѓу другите, приведен е 51-годишен Мароканец за кој постојат сомневања дека регрутирал џихадисти, а се испитува и 19-годишен Македонец, за кого се претпоставува дека во моментов се наоѓа во Сирија.

Според германските разузнавачи, околу 600 Германци им се приклучиле на џихадистичките групи во Сирија и во Ирак.