Пад на акциите на Фолксваген за 20%

22.09.2015 11:08

Може да биде казнета и со уште 18 милијарди долари откако призна дека го местела мерењето на емисии на гасови во САД за околу 500.000 дизел возила...

Акциите на германскиот автомобилски гигант Фолксваген паднаа речиси 20 проценти, со што компанијата изгуби 15 милијарди евра пазарна вредност. Може да биде казнета и со уште 18 милијарди долари откако призна дека го местела мерењето на емисии на гасови во САД за околу 500.000 дизел возила.

„Изразот „Произведено во Германија“ е светски израз за квалитет. Ова мора да се реши брзо. Но се сомневам дека ќе и нанесе трајна штета на германската индустрија“, изајви Зигмар Габриел, министер за економија на Германија.

И јужнокорејската влада најави истрага на дизел возилата на Фолксваген, а ако најдат проблем, ќе ја прошират на сите германски возила.