Археолошкиот музеј се приклучува на Европските денови на културно наследство
Целта на манифестацијата е подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство. Темата на годинашното одбелжување во Европа е „Индустриско и техничко наследство“...

Археолошкиот музеј на Македонија од денеска до 1-ви октомври се приклучува на европската манифестација „Европски денови на културното наследство“, основана во септември 1991 година, на иницијатива на Советот на Европа и со поддршка од страна на Европската Унија.
Целта на манифестацијата е подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство. Темата на годинашното одбелжување во Европа е „Индустриско и техничко наследство“.
Република Македонија која е вклучена во ова одбележување од 1996-та година, годинава заедно со триесет европски земји го слави наследството во сите негови видови, вклучително и материјалното и нематеријалното, движното и недвижното културно наследство.
