МВР: Досега издадени 90.744 потврди на странски државјани
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-71.342, потоа Авганистан-7.624, Ирак-4.904...

Од започнувањето на издавање на потврдите за азил, односно од 19-ти јуни до денес, издадени се потврди на вкупно 90.774 странски државјани, од кои, 60.490 се од машки пол, 12.284 се од женски, 15.156 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.844 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-71.342, потоа Авганистан-7.624, Ирак-4.904, Пакистан-2.569, Палестина-961, Сомалија-628, Бангладеж-595, Иран-418, Конго-361, Нигерија-221, Камерун-165, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-111, додека останатите се во помал број.
Во последниве 24 часа МВР издаде потврди на вкупно 1.347 странски државјани, од кои, 921 се од машки пол, 161 се од женски, 179 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 86 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-672, Авганистан –459, Ирак-150, додека другите се во помал број.
Во последниве 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, додека од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
