28 години затвор зашто предизвикал епидемија на салмонела

22.09.2015 12:19

Стјуар Парнел и брат му Мајкл кој бил вработен во фабриката, свесно испорачувале путер од кикиритки со салмонела...

Поранешниот сопственик на компанија за производство на путер од кикиритки од Џорџија, Стјуарт Парнел е осуден на 28 години затвор зашто предизвикал масовно труење со храна, а 9 лица починале.

Стјуар Парнел и брат му Мајкл кој бил вработен во фабриката, свесно испорачувале  путер од кикиритки со салмонела. Од тоа заболеле 714 луѓе, а 9 починале. Осуден е на 28 години затвор.

Поради таа зараза од фабриката во Блејкли во Џорџија во 2008 и 2009 се случило  едно од најголемите повлекувања на храна во историјата на САД, а компанијата „Американска корпорација за кикиритки“ е ликвидирана, пренесува Ројтерс.