Варуфакис: На изборите во Грција победи „тројката кредитори“

22.09.2015 12:31

Јанис Варуфакис, порача дека победник на изборите била тројката меѓународни кредитори...

Новата грчка влада ќе биде малубројна, авторитетна и флексибилна, со 25 до 27 министри – најави грчкиот премиер Ципрас. Функцијата министер за финансии планира повторно да му ја понуди на Евангелос Цакалотос, кој размислува дали ќе ја прифати.

Неговиот претходник, Јанис Варуфакис, порача дека победник на изборите била тројката меѓународни кредитори.

Промени има и во опозициската Нова Демократија, која бира нов лидер, а во трката ќе учествува и Евангелос Меимаракис, кој ја водеше во предвремените парламентарни избори кои ги изгуби.