Македонците трошат над три часа месечно на мобилен

22.09.2015 13:13

Претплатниците во мобилната телефонија просечно зборуваат 191 минута, покажуваат најновите податоци на Aгенцијата за електронски комуникации...

Во првиот квартал од 2015 година претплатниците во мобилната телефонија просечно зборуваат 191 минута, покажуваат најновите податоци на Aгенцијата за електронски комуникации.

„Најголем дел се остварува во сопствена мрежа, а сообраќајот кон други мобилни мрежи во Република Македонија е значително помал и изнесува само 25 насто. Македонците многу малку зборуваат кон странство, само 1 насто. Споредено со првиот квартал од 2014 година може да се забележи идентична состојба односно зголемување на волуменот на сообраќај кон други мобилни мрежи во РМ и кон фиксни телефонски мрежи во РМ“, се вели во извештајот на Агенцијата.