1,4 милиони аџии во Мека

22.09.2015 13:18

Годинашниот аџилак почнува во време на зголемено насилство на џихадистите, бранот на смртоносниот вирус МЕРС и ангажирањето на Саудиска Арабија во војната во Јемен...

Речиси 1, 4 милиони муслимани аџии од целиот свет пристигнаа на аџилак во светиот град Мека, од кои повеќето денеска заминуваат во најблиската долина Мина на местото на „жртвувањето“.

Годинашниот аџилак почнува во време на зголемено насилство на џихадистите, бранот на смртоносниот вирус МЕРС и ангажирањето на Саудиска Арабија во војната во Јемен.

Околу сто илјади припадници на полицијата се распоредени за одржување на безбедноста и регулирање на сообраќајот. Мобилизирани се уште 25 илјади дополнителни здравствени работници.