Велосипедот како алтернативно превозно средство

22.09.2015 13:21

Со ревијална трка на стотици велосипедисти која истовремено се одвиваше и во речиси сите македонски градови, беше испратена порака да се остават автомобилите дома...

Заврши Европската недела на мобилност која траеше последнава седмица во 30 земји од стариот континент, меѓу нив и Македонија. Со ревијална трка на стотици велосипедисти која истовремено се одвиваше и во речиси сите македонски градови, беше испратена порака да се остават автомобилите дома, да се користат само кога се навистина потребни, а да се движиме со алтернативни средства.

Со велосипед може да се оди на училиште, може да се оди и на работа, а користењето на ова превозно средство е и побрзо и поевтино. Дефилето во Скопје почна од плоштадот Пела а заврши во градскиот парк кај Школка каде на дваесет велосипедисти им беа доделени дваесет велосипеди подарени од Град Скопје, Министерството за животна средина и од Цементарница Усје.