Договорот од Пржино дава конструктивност
Договорот од Пржино сам по себе е големо достигнување и чекорите кои се преземени по неговото донесување се големи како што е враќањето на опозицијата во Парламентот, договорот за специјалниот обвинител, вели британскиот амбасадор...

Британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет оценува дека изборот на јавниот обвинител е добар почеток на спроведувањето на политичкиот дијалог којшто докрај треба да се заврши.
Договорот од Пржино сам по себе е големо достигнување и чекорите кои се преземени по неговото донесување се големи како што е враќањето на опозицијата во Парламентот, договорот за специјалниот обвинител. Но, претстојат уште чекори. Не очекува договор околу изборното законодавство, потоа назначувањата на министерските функции, како и однесувањето на сите политички актери во време на изборната кампања и изборите следната година, кои што за Македонија ќе бидат многу значајни. Засега работите се одвиваат добро очекуваме позитивни чекори и понатаму, изјави британскиот амбасадор Гарет.
