САД: Кина да престане со сајбер шпионажа
Рајс нагласила дека кинеската сајбер шпионажа не е мал проблем и дека ја загрозува економската и националната безбедност на САД. Според неа ова е критичен фактор во билатералните односи меѓу Кина и САД, пренесува Ројтерс...

Советничката на американскиот Совет за национална безбедност, Сузан Рајс остро ја предупреди Кина да престане со сајбер шпонажа, во очи на посетата на претседателот Ши Џинпинг на Вашингтон, во текот на неделава.
Рајс нагласила дека кинеската сајбер шпионажа не е мал проблем и дека ја загрозува економската и националната безбедност на САД. Според неа ова е критичен фактор во билатералните односи меѓу Кина и САД, пренесува Ројтерс.
Претседателот Ши Џинпинг соопшти дека кинеската влада не учествува во ваква шпионажа, и не ги поддржува кинеските компании во тоа. Истакна дека Кина и САД ја делат заедничката грижа за сајбер безбедноста, како и тоа дека Пекинг е подготвен да ја зголеми соработката со Вашингтон на тоа поле.а
