Косово: Опозицијата го гаѓаше премиерот Мустафа со јајца
22.09.2015 14:36
Обезбедувањето успеа да го заштити од нападот, а неколку пратеници беа приведени во полиција...

Косовскиот премиер Иса Мустафа беше цел на пратениците од радикалното опозициско движење „Самоопределување“. Го гаѓаа со јајца среде излагањето за договорот постигнат со Србија под покровителство на Европската Унија.
Обезбедувањето успеа да го заштити од нападот, а неколку пратеници беа приведени во полиција.
Од „Самоопределување“ го обвинуваат за лаги кон граѓаните и пратениците, а договорот од Брисел за поголема управа на локално ниво за српското малцинство го оценија како уривање на Косово.
