Тодоров во Дојран: 5 нови доктори во Итната медицинска помош

22.09.2015 16:04

На средбата беше објавено дека во Итната медицинска помош во Здравствениот дом се вработени 5 нови доктори, со што се овозможува континуирано преку целата година оваа амбуланта да работи 24 часа...

Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска ја посети амбулантата во општина Дојран.

На средбата беше објавено дека во Итната медицинска помош во Здравствениот дом се вработени 5 нови доктори, со што се овозможува континуирано преку целата година оваа амбуланта да работи 24 часа.

Континуираната здравствена заштита во овој регион е многу значајна како во летниот период така и во текот на целата година.