Претставено главното фестивалско жири на ИФФК „Браќа Манаки“
Организаторот на фестивалот одлучи во жирито годинава да членуваат и Божидар Бота Николиќ од Србија, Ерџан Кесал, сценарист и актер од Турција, Хајет Бенкара, продуцент од Канада, и македонскиот сценарист, режисер и продуцент Митко Панов.

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ денеска ги претстави членовите на меѓународното стручно жири кое годинава го предводи кинематограферот Ришард Ленчевски од Полска. Организаторот на фестивалот одлучи во жирито годинава да членуваат и Божидар Бота Николиќ од Србија, Ерџан Кесал, сценарист и актер од Турција, Хајет Бенкара, продуцент од Канада, и македонскиот сценарист, режисер и продуцент Митко Панов.
Од филмовите во конкуренција и според програмата, досега видовме четири, сите се одлични и го заслужуваат нашето внимание. Ја поканувам публиката во киносалите бидејќи штета би било да не се видат толку многу добри филмови со многу извонредни технички специфики. Филмовите стануваат се подобри и подобри и не треба да биде пропуштена ниту една фестивалска вечер, исткна македонскиот режисер Митко Панов во име на членовите на фестивалското жири.
