Имплементирање на мерките за штедење- цел на новата грчка влада

22.09.2015 16:37

Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас, положи заклетва. По победата на изборите и освојувањето 145 пратенички места во парламентот, Цирпас ќе колаицира со Независни Грци на Каменос. Грчкиот премиер најави целосна имплементација на своите заложби за стабилна економија. Но, за екс-министерот за финансии, Јанис Варуфакис, вистинскиот победник на изборите е тројката кредитори...

Со полагањето на свечената заклетва, Алексис Ципрас го започна вториот мандат како пример на Грција. Во новата Влада повторно ќе учествува стариот партнер, партијата Независни Грци на Панос Каменос. Важно е да се спомене дека ставот на Независни Грци во однос на проблемот што Атина го има со нашето уставно име е порадикален и од официјалната грчка црвена линија, а тоа е дека конечното решение не смее воопшто да го содржи треминот Македонија.

Сега имаме можност да ги имплементираме нашите основни заложби, со цврсти чекори и во рамките на нашиот четиригодишен мандат, искрено да се бориме за нашиот народ повеќе да не крвари, дури и по цена на тоа ние да крвариме“, изајви Алексис Ципрас – лидер на СИРИЗА.

Она што е значајно е стабилноста. Со стабилност и верба, работите ќе си дојдат на свое место побргу“, рече Панос Каменос – лидер на Независни Грци.

Главна цел на новата грчка Влада ќе биде имплементирањето на обврските односно мерките за штедење од третиот Меморандум. Освен тоа, тие планираат и да ја интензивираат соработката со Русија во полето на инвестициите, а пред се да продолжат со реализацијата на рускиот гасовод Турски тек. Двете страни во јуни годинава потпишаа и договор за изградба на гасоводот, која што се очекува да почне во 2016 та година. Портпаролот на Независни Грци, Теренс Квик, потврди дека новата грчка влада е подготвена да продолжи со гасоводниот проект.

Ние сме поготвени. Сега се зависи од Русија. Овој пат имаме стабилна влада која што ќе остане на власт четири години. Значи, може да работиме заедно со Русија на полето на ивестиции. Овој пат мора да го сториме тоа. Со обновениот мандат од народот се подобруваат и политичките одлуки на новата влада предводена од СИРИЗА, која што ќе ја поддржи долготрајната соработка со Москва“, вели Теренс Квик – Незвисни Грци.

Составот на новата грчка Влада се очекува да биде објавен најдоцна до утре.

 

Марија Котовска- постојан дописник од Атина за МРТ