Нов мамограф за гевгелиската болница, Николоќ ќе добие матичен лекар

22.09.2015 16:49

Во гевгелиската болница целосно е реновирано детското одделение, а идниот месец ќе отпочне комплетно реновирање на Одделението за неврологија. Со акциски план ќе се внимава и на стручноста и оспособувањето на медицинскиот персонал. Жителите на Николиќ наскоро ќе добијат свој лекар, огласот ќе биде објавен утре...

Една деценија стариот и расипан мамограф во гевгелиската општа болница ќе се замени со нов, најави ресорниот министер Тодоров. Здравствена услуга ќе може да добиваат околу 450 илјади жители и од околните места. Во изминатиот период во установата се направени значителни реконструкции, а се планира и нова хируршка сала.

„Во нашата болница имавме мамограф, но последните месеци настана дефект. Не се исплаќа да се поправа, бидејќи дефектот е поскап од мамографот“, изјави директорот на гевгелиската болница.  

Во гевгелиската болница целосно е реновирано детското одделение, а идниот месец ќе отпочне комплетно реновирање на Одделението за неврологија. Со акциски план ќе се внимава и на стручноста и оспособувањето на медицинскиот персонал. Жителите на Николиќ наскоро ќе добијат свој лекар, огласот ќе биде објавен утре.

„Во Николиќ е договорено оглас за матичен лекар да се распише веднаш, специјалист по интерна медицина да доаѓа најмалку два пати месечно, со тенденција еднаш неделно и да се овозможи правење биохемиски анализи и доставување на резултатите, како и од 1-ви октомври подвижната аптека да почне да дистрибуира лекови во ова населено место“, соопшти министерот за здравство Никола Тодоров.

Амбулантата во Дојран пак ќе работи 24 часа секој ден во неделата. Во итната медицинска помош вработени се 5 доктори. Континуираната здравствена заштита во овој регион е многу значајна како во летниот период така и преку целата година.  

 

Андријана Атанасовска