Ставрески: На жителите од Дебарца им исплативме 4,3 милиони денари оштета од град
Денеска и вчера исплатени се 4,3 милиони денари надомест за штетите од град кои се случија пред неколку години...

На 321 жител од општина Дебарца денеска и вчера исплатени им се 4,3 милиони денари надомест за штетите од град кои се случија пред неколку години. Ова денеска во Охрид го изјави вицепремиеорт и министер за финансии Зоран Ставрески.
На иницијатива на градоначалникот на општина Дебарца и на пратениците на Охрид и Струга, Владата на последната седница повторно ја разгледа состојбата од последиците од град во општина Дебарца од пред некоја година. Иако иницијативата е од пред некоја година, поради објективни причини таму имаше застој, но го разрешивме тоа. Барањата се оправдани и треба да се исплатат штетите од градот, рече вицепремиерот Ставрески.
Со исплатата опфатени се повеќе населени места: Белчишта, Средорече, Велчишта, Мешеишта и Требеништа.
