Интерес за отворање винарски визби
23.09.2015 10:50
Интересот за отворање винарски визби се уште има, иако вкупните капацитети се скоро двојно поголеми од производство на вино. Трндот кај помалите винарски визби е да произведуваат помалку, но селектирано и квалитетно вино во шишиња...
Од некогашните 86 регистрирани винарски визби годинава има 74. Намалувањето е поради построгите законски услови за производствените капацитети и опремата, и исполнувањето на обврските кон лозарите.
По 2003-та година, кога вакви капацитети имаше само 28, трендот на зголемување на винарски визби е присутен.
Вкупниот капацитет на винариите е речиси два пати поголем од годишното производство, а најголемиот дел од помалите капацитети се насочени кон производство на квалитетно вино во шишиња.
Методија Трајков
