Бесплатен англиски во градинките во Аеродром

17.01.2014 13:00

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски во детската градинка „Срничка“ објект „Чекорче“го означи почетокот на проектот за подобрување на воспитно-образовниот процес во Општина Аеродром и Градот Скопје преку воведување бесплатен англиски јазик и проширување на капацитетот на детските градинки.

„Од 2014 година воведуваме бесплатно изучување на англискиот јазик во сите детски градинки во Општина Аеродром, што значи дека родителите веќе не мора да издвојуваат дополнителни средства од својот семеен буџет како досега“, изјави градоначалникот Коневски, додавајќи дека програмите по кои се работи, се професионално изработени и соодветни за детската возраст..

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, како поддршка на проектот, изјави дека планира во сите скопски општини да  се воведе  бесплатно изучување на англиски јазик.

Овој проект се реализира во рамки на проектот за ран детски развој „Првите пет се најважни во свет“.

Исто така, во тек е изработка на проекти за проширување на капацитетите на детските градинки со доградба, така што ќе се отворат уште дополнителни 150 места за престој во градинка на дечиња од општината.