Бегалската криза во фокус на шефовите на земјите- членки на ЕУ
Се проценува дека од почетокот на годинава во Европа пристигнале околу 350.000 бегалци, а нивниот број може да надмине 800.000 до крајот на 2015-та...

Бегалската криза и потребата да се создаде кредибилна европска миграциона политика се темите за кои денеска ќе разговараат шефовите на државите на Европската Унија на вонредниот самит во Брисел.
Германската канцеларка Меркел и американскиот претседател Обама во телефонски разговор констатирале дека за да се стави крај на кризата потребна е правилна распределба на бегалците, но неопходно е да се најде решение и за причините што ја предизвикуваат миграцијата.
Се проценува дека од почетокот на годинава во Европа пристигнале околу 350.000 бегалци, а нивниот број може да надмине 800.000 до крајот на 2015-та.
Доцна синоќа министрите за надворешни работи со големо мнозинство го усвоија планот за распределба на 120.000 бегалци во земјите од Унијата.
