Новата грчка влада положи заклетва

23.09.2015 11:23

Николас Коѕијас е старо-новиот шеф на грчката дипломатија. Иако грчките медиуми шпекулираа дека Цакалотос се двоуми дали да ја прифати функцијата министер за финансии, тој сепак повторно ќе го раководи овој ресор...

Објавен е составот на новата грчка влада која денеска положи заклетва во претседателската палата. Премиерот Ципрас не направил големи промени на клучните позиции.

Николас Коѕијас е старо-новиот шеф на грчката дипломатија. Иако грчките медиуми шпекулираа дека Цакалотос се двоуми дали да ја прифати функцијата министер за финансии, тој сепак повторно ќе го раководи овој ресор, а Јоргос Статакис се враќа како министер за економија.

Измени има само во пет министерства.