Ердоган во посета на Москва, со Путин ќе разговараат за „Турски поток“
23.09.2015 11:30
Според турски претставници, двајцата претседатели ќе разговараат за гасоводот „Турски поток“, сириската криза, нападите на терористичката групација Исламска држава и за ситуацијата во Украина...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе престојува во еднодневна посета на Москва и за тоа време ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Според турски претставници, двајцата претседатели ќе разговараат за гасоводот „Турски поток“, сириската криза, нападите на терористичката групација Исламска држава и за ситуацијата во Украина.
Ердоган во Москва ќе присуствува и на церемонијата на отворање на реконструираната џамија, во пресрет на празникот Курбан Бајрам.
