За 24 часа издадени 1.983 потврди за азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.142, Авганистан –392, Ирак-342, додека другите се во помал број...

Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 1.983 странски државјани, од кои, 1.241 се од машки пол, 324 се од женски, 304 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 114 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.142, Авганистан –392, Ирак-342, додека другите се во помал број.
Досега издадени се потврди на вкупно 92.758 странски државјани, од кои, 61.732 се од машки пол, 12.608 се од женски, 15.460 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 2.958 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-72.484, потоа Авганистан-8.016, Ирак-5.246, Пакистан-2.583 Палестина-1.026, Сомалија-628, Бангладеж-597, Иран-435, Конго-361, Нигерија-221, Камерун-166, Еритреја-163, Етиопија-126, Судан-111, додека останатите се во помал број.
