Македонски државјанин се обидел да пренесе 105 илјади евра во Албанија
23.09.2015 12:05
Согласно законот, патникот имал право да пренесе најмногу две илјади евра...

Триесет и осум годишен македонски државјанин се обидел да пренесе 105 илјади евра се во Албанија. На граничниот премин Ќафасан бил сопрен од службеник на царината, а на прашање што има да пријави, патникот одговорил само 2 илјади евра.
При темелен преглед, во рачната торба се пронајдени парите. Согласно законот, патникот имал право да пренесе најмногу две илјади евра.
Против него ќе биде поднесена прекршочна пријава.
