Големо невреме во Бодрум и Родос
23.09.2015 12:10
Надојдената вода однела дел од автомобилите кои биле паркирани по улиците. Спасувачките екипи се на терен...

Големо невреме во турскиот туристички град Бодрум. Поројните дождови поплавиле голем број куќи и ресторани, а улиците наликувале на езера.
Надојдената вода однела дел од автомобилите кои биле паркирани по улиците. Спасувачките екипи се на терен. Формиран е кризен штаб за координирана заштита на населението.
Невреме и на грчкиот остров Родос. Авиосообраќајот е во прекин, невремето и обилните дождови ги уништиле пистите.
