Попоски- Црнадак: Договор во 6 точки за унапредување на билатералната и регионалната соработка
Договорено е во претстојниот период до крајот на 2016-та година особено да се посветат на заедничко залагање за динамизирање на севкупната соработка и политичкиот дијалог, вклучително преку интензивирање на динамиката на средби и посети на високо и највисоко ниво...

Министрите за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски и на БиХ, Игор Црнадак, постигнаа договор од 6 точки преку кои ќе ја унапредуваат билатералната и регионалната соработка.
Договорено е во претстојниот период до крајот на 2016-та година особено да се посветат на заедничко залагање за динамизирање на севкупната соработка и политичкиот дијалог, вклучително преку интензивирање на динамиката на средби и посети на високо и највисоко ниво.
„Во фокус на дискусиите беа еворпските интеграции, избегнувањето на тензии и на моменти за креирање на идеи за промени на граници, оживување на стари антагонизми, спротивставување, туку поголем фокус на соработката“, изјави по средбата министерот Попоски.
Попоски и Црнадак нагласија дека ќе се залагаат за натамошно олеснување на комуникацијата на граѓаните на двете држави вклучително преку почнување на процесот за заемно овозможување на влез и престој на државјаните на двете држави со биометриски лични карти.
