Соработка помеѓу хидрометеролошките управи од регионот

23.09.2015 13:25

Директорот на УХМР Оливер Ромевски појасни дека во виртуелниот центар треба да бидат вмрежени хидрометеролошките сервиси од Западен Балкан...

Метеоролошките управи на земјите од регионот договорија размена на податоци и создавање виртуелен центар. За почеток ќе се реализира електронско вмрежување на сите центри, а потоа ќе се креираат регионални тимови кои ќе работат на конкретни области.

Директорот на УХМР Оливер Ромевски појасни дека во виртуелниот центар треба да бидат вмрежени хидрометеролошките сервиси од Западен Балкан како и оние сервиси кои се во  рамките на централноевропската иницијатива, на државите, за заедничко вклучување  во превенција од, како што рече, сериозните климатски промени за кој сме се повеќе свесни.

Според претставникот на Светската хидрометеролошка организација за Европа Милан Дациќ, виртуелното поврзување ќе функционира преку телекомуникаци сиситем преку кој ќе се споделуваат информации од хидрометерологијата кои подоцна ќе се истражуваат и обработуваат од регионални тимови кои ќе работат на таа проблематика.