Публикувани копии од важни историски и културни документи за Македонија

23.09.2015 13:32

Сведоштва за остварување на вековниот идеал на Македонците за слободна и независна Македонија...

Од богатата ризница на архивски материјал што се чува во депоата на Државниот архив, пет наслови се публикувани во нова едиција на копии од документи верни на оригиналот. Сведоштва за остварување на вековниот идеал на Македонците за слободна и независна Македонија.

Први пет документи кои се публикувани се Фрагменти од Евангелието по Лука од 12 век, Решението за прогласување на Илинден 2 август за национален празник на Македонија од 1944 година, Решението од АСНОМ за заведување на македонскиот јазик како службен од 1944 година, Законот за името на Народна Република Македонија од 1946 година и Декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава во 1991 година, соопшти директорот на Архивот, Филип Петровски.

Министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска, истакна дека проектот е значаен во контекст на афирмација на Македонија како држава со богато политичко, историско, револуционерно минато, како држава која поминала низ различни историски премрежија во градењето  на својот идентитет.