Поради скандалот, Фолксваген изгуби 23 милијарди евра од вредноста

23.09.2015 13:57

Генералниот директор на Фолксваген за Америка, Михаел Хорн призна дека концернот бил нечесен, дека дури 11 милиони негови возила се опремени со софтвер кој овозможува манипулирање при контрола на издувните гасови...

Скандалот поврзан со концернот Фолксваген предизвика поведување неколку кривични истраги. Федералниот СУД и држата Њујорк потврдија дека подигнале обвиненија со образложение дека ниту една компанија не би требало да избегне законски последици поради мамење на потрошувачите и обврските за зачувување на животната средина.

Истраги ќе поведат и Јужна Кореја, Германија, Италија и Франција. Генералниот директор на Фолксваген за Америка, Михаел Хорн призна дека концернот бил нечесен, дека дури 11 милиони негови возила се опремени со софтвер кој овозможува манипулирање при контрола на издувните гасови.

На Франкфуртската берза акциите на автомобилскиот гигант вчера паднаа за 19,82%, односно за два дена забележаа минус од 35%. Пазарната капитализација на Фолксваген е намалена за неверојатни 23 милијарди евра.