200 маскирани лица упаднаа во зградата на локалната власт во Харков

23.09.2015 14:13

Според првичните сознанија, напаѓачите се припадници на радикалниот баталјон Азаров, кој неодамна е расформиран...

Најмалку 200 луѓе со маски на главите упаднале во зградата  на локалната власт во Харков на истокот на Украина. Според првичните сознанија, напаѓачите се припадници на радикалниот баталјон Азаров, кој неодамна е расформиран.

Полицијата и припадниците на обезбедувањето се обиделе да ги спречат насилниците со солзавец.