Траспортерите трпат штети, 1.000 камиони заглавени на границата кон Хрватска

23.09.2015 15:07

И македонски превозници чекаат со денови да ја транзитираат стоката до земји од ЕУ...

12 километарска колона, 1.000 тешки товарни возила се на граничкиот премин Патровци- Бајаково откако Хрватска ги затвори границите поради влезот на мигрантите. И македонски превозници чекаат со денови да ја транзитираат стоката до земји од ЕУ.

„Макамтранс планира поради општата ситуација да прати допис до Владата, да се побара помош од Европската комисија, бидејќи овие штети ќе бидат огромни, не само за превозниците, туку и за извозниците и увозниците. Застојот е ненормален, бидејќи знаеме дека сега имаме извоз на свежа стока, како што е грозјето, јаболката, сливите, и други производи кои не трпат долг транспорт и се возат на одредена температура на одржување, каде што има многу поголема потрошувачка на гориво. Најголемиот проблем ќе настане кога ќе ги отворат границите и кога ќе стасаме на местото на истовар, и нема да се прими стоката“, велат од здружението на превозници Макамтранс за МРТ.

Според последните информации од нашата амбасада во Загреб, граничните премини меѓу  Србија и Хрватска се отворени за пропушатње автобуси и автомобили, но не и за камиони.