Попоски: Затворањето на границите не е решнение за мигрантската криза
По средбата со босанскиот министер за надворешни работи Црнадак кој е во официјална посета на Македонија посочи – затворањето на границите не е решение за мигранстката криза...

Охрабрувачка е пораката од Европската Унија за усогласеност на 28-те земји членки за распределба на товарат со 120-те илјади бегалци – вели шефот на дипломатијата Попоски. По средбата со босанскиот министер за надворешни работи Црнадак кој е во официјална посета на Македонија посочи – затворањето на границите не е решение за мигранстката криза.
„Би било сериозен пропуст доколку бидеме оставени сами да го сносиме товарот на криза која нити сме ја причиниле, нити можеме да ја разрешиме сами. Долгорочно, единствено решение за овој проблем е дејстувањето на изворот на кризата и мислам дека веќе некои од пораките кои беа упатени водат во таа насока. Постои свест во Европа дека доколку не дејствуваме на изворот, ова не е проблем кој ќе го реши било кој од нас индивидуално“, изјави министерот Попоски.
Министерот Црнадак информира дека институциите во БиХ сериозно ја разгледуваат можноста за евентуално две рути на бегалците кои би пристигнале и тоа едната е преку Србија - Бјелина и Зворник, а втората е преку Албанија.
