Брачен пар од Прилеп незаконски наплатиле „консултации“ за околу 90.000 евра
23.09.2015 15:27
Kако управител на „Берлин компани“ за себе и својата сопруга прибавил имотна корист на штета на правното лице со кое управувал, во вкупен износ од над 30.000.000 денари, велат од МВР...

58 годишен прилепчанец наплатувал консултантски услуги на клиентите, а парите ги префрлал на своја сметка или на неговата сопруга. Со дел од нив купил и стан за својата ќерка.
Kако управител на „Берлин компани“ за себе и својата сопруга прибавил имотна корист на штета на правното лице со кое управувал, во вкупен износ од над 30.000.000 денари, велат од МВР.
Двајцата сопружници се товарат за кривични дела перење пари и други приноси од казниво дело, како и за неовластено примање подароци и злоупотреба.
Фиљана Кока
