Проекти за подобар живот на жителите на Македонски Брод
Сопствен дом ќе добијат 10 социјално загрозени семејства во Македонски Брод...

Десет социјално најзагрозени семејства најдоцна до мај ќе добијат свој дом во зградата која се гради во Македонски Брод. Во неа се инвестираат 21 милион денари. Комплетно ќе се реновират уште три згради каде што се сместени семејства кои имаат станарски права во објекти на јавно претпријатие.
Жителите на Манастирец и Локвица наскоро ќе имаат лекар и медицинска сестра. Се разгледува и можноста да се овозможи возило за итната медицинска помош за селата Самоков и околните населени места.
Покрај двете училишни сали и фудбалското игралиште во Македонски Брод ќе има и тениски терен. Неговата изградба е почната. Чини 6 милиони денари.
Жителите од селото Требино бараат решение на проблемот со водоводот.
Наташа Гркова- Петрушевска
