Почнува манифестацијата „Денови на македонскиот мед 2015“
Посетителите ќе можат да дегустираат мед, а со нив ќе се водат и отворени разговори со цел да им се доближат медот и пчелните производи...

На улицата „Македонија“ во Скопје денеска ќе биде отворен фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ на кој ќе бидат изложени пчелни производи од пчелари од цела Македонија.
Покровител на 11-тата манифестација, што ќе трае до 26 септември, е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а организатор пчеларската задруга „Матица Скопје“. Штанд ќе има Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, а претставниците на дипломатскиот кор во Македонија ќе го изберат највкусниот мед на манифестацијата.
Посетителите ќе можат да дегустираат мед, а со нив ќе се водат и отворени разговори со цел да им се доближат медот и пчелните производи: матичен млеч, полен, прополис, пчелин отров и восок, како здрава храна и да се промовира пчеларството како значајна стопанска гранка и добар бизнис.
