Се враќа интересот за подигнување нови насади со калинка

24.09.2015 10:13

Македонија е мал производител на ова овошје, но сепак успева да обезбеди и дел за извоз...

Последниве години има интерес за подигање на нови насади од калинка. Ова е резултат на  добрата продажна цена од 40 до 50 денари за килограм на големо и малите трошоци за производство.

Подигнати се скоро 85 хектари нови насади од калинка. Освен новите, се субвенционираат и постојните овоштарници со 28.000 денари по хектар.

Пласманот е само во свежа состојба бидејќи не постои капацитет за производство на сок од калинка.

 

Методија Трајков