Отворени откупни пунктови за шумски плодови во Маврово- Ростуше

24.09.2015 10:59

Преку проектот за експанзија на мали бизниси од 2013-та година досега, повеќе од 1.500 лица од општината Маврово- Ростуше беа обучени и сертифицирани за одржливо собирање на диворастечки производи. На овој начин собирачите обезбедуваат дополнителни средства за домашниот буџет...

Во долината на реката Радика, во месноста Пилана и во селото Јанче, отворени се пунктови за откуп на диворастечки производи, дел на проектот на Националниот парк Маврово и УСАИД- Македонија за експанзија на малите бизниси.

Со пунктовите се стандардизираат условите за откуп на диворастечките плодови со кои националниот парк Маврово изобилува и во количина и во разновидност, а исто така се зголемуваат и приходите на месното население на општина Маврово- Ростуше кое живее на територијата на Националниот парк Маврово. 

УСАИД преку проектот за експанзија на малите бизниси го поддржува растот на секторот за диворастечки производи од 2013-та. На целата територија на Македонија, повеќе од 1.500 собирачи на диворастечки производи, шумски плодови и печурки се обучени и сертифицирани за одржливо собирање на овие производи.

 

Емил Јовановски