Меркел ќе разговара со Асад за решавање на конфликтот во Сирија

24.09.2015 11:12

Не треба да се разговара само со САД и со Русија туку и со важните регионални партнери, истакна Меркел, кои можат да го решат проблемот...

Германската канцелакрка Ангела Меркел изјави дека треба да разговара со сирискиот претседател Асад, со цел изнаоѓање на решение за сирискиот конфликт кој е причината за миграција на илјадници бегалци. Не треба да се разговара само со САД и со Русија туку и со важните регионални партнери, истакна Меркел, кои можат да го решат проблемот.

Во меѓувреме кризата создаде сериозни проблеми на Балканот, синоќа Србија ја затвори границата за хрватските транспортери. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се обиде да посередува во спорот меѓу Хрватска и Србија околу бегалската криза и порача дека затворањето на границите не е никакво решение, но се надева дека ќе дојдеме до компромис.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во Брисел изјави дека контрамерките на Србија кон Хрватска се смешни и најави ескалација на спорот. Тој рече дека Хрватска нема да ја тргне блокадата на граничнот премин Бајаково.