Јемен: Експлозија во џамија во Сана

24.09.2015 11:19

Во Сана, која веќе една година е под контрола на шиитските бунтовници Хути, од март се случија повеќе напади врз шиити во џамиите, за кои одговорноста ја презеде Исламска држава...

Најмалку 29 луѓе загинаа, а уште неколку десетици се ранети во експлозија во џамија во јеменскиот главен град каде што верниците се собрале на молитва за Курбан Бајрам. Експлозијата се случила во џамијата Балила, во близина до полициската академија.

Во Сана, која веќе една година е под контрола на шиитските бунтовници Хути, од март се случија повеќе напади врз шиити во џамиите, за кои одговорноста ја презеде Исламска држава.

Во два напада врз џамија во Сана на почетокот на септември загинаа над 30 луѓе, а речиси 100 беа ранети.