Метеж во Мека, загинаа 150 луѓе

24.09.2015 12:10

На аџилак дошле близу два милиона луѓе...

Најмалку 150 верници загинаа, а 400 се повредени во метежот во саудискиот град Мина, близу светиот муслимански град Мека. На аџилак дошле близу два милиона луѓе.

Аџилакот е еден од петте столбови на исламот и секој муслиман е должен, доколку е способен, барем еднаш во животот да оди на аџилак.

На 12 септември годинава се сруши кран во најголемата џамија на светот Ал Харам во Мека при што загинаа 107 луѓе, а 238 беа повредени.