Груевски: Покачување на пензиите и социјалната помош и во 2016-та

24.09.2015 12:29

Оваа година, додека пензионерите ја чекаат исплатата на септемвриската пензија која ја покачивме за 5 проценти, одлучивме тие да имаат ново зголемување од нови 5 проценти за наредната година, пишува премиерот Груевски на својот Фејсбук профил...

За пет проценти ќе се зголемат пензиите и социјалната помош и во 2016-тља година, најави денеска премиерот Никола Груевски.

„На последната седница Владата одлучи да поминат законските измени со кои за социјално најзагрозените граѓани, примателите на социјална и постојана парична помош, покрај тоа што оваа година помошта која ја добиваат ја зголемивме за 10 проценти, предвивуваме ново дополнително зголемување за наредната 2016-та година од нови 5 отсто. Истовремено, донесовме одлука и за ново зголемување на пензиите. Оваа година, додека пензионерите ја чекаат исплатата на септемвриската пензија која ја покачивме за 5 проценти, одлучивме тие да имаат ново зголемување од нови 5 проценти за наредната година“, пишува премиерот Груевски на својот Фејсбук профил.

Според него, станува збор за две одлуки кои се однесуваат за добробит на многу семејства и граѓани.

„Со ова остваруваме две големи наши ветувања пред граѓаните, со што уште еднаш покажуваме дека за нас дадениот збор е наша обврска, а нашата програма патоказ низ кој се движиме. Продолжуваме да работиме за доброто на сите граѓани и да помагаме секаде каде што можеме“, пишува премиерот Никола Груевски.

 
 

Добра вест! На последната седница владата одлучи да поминат законските измени со кои за социјално најзагрозените граѓани...

Posted by Nikola Gruevski on Thursday, September 24, 2015