Усвоен предлог буџетот за 2016-та: Повеќе пари за пензии, социјална помош и капитални инвестиции

24.09.2015 13:01

Буџетскит дефицит се намалува од 3,6 на 3,2 проценти. Пораст на БДП за 4 проценти и умерено ниво на инфлација од 2 проценти...

Владата го усвои предлог- буџетот за 2016-та. Повеќе пари за пензии и социјалана парична помош и за капитални инвестиции. Буџетскит дефицит се намалува од 3,6 на 3,2 проценти. Пораст на БДП за 4 проценти и умерено ниво на инфлација од 2 проценти.

„Владата на РМ на синоќешната седница го усвои предлог буџетот за 2016-та година, основните карактеристики на предлогот- на буџет за 2016-та се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 проценти оваа гоидина на 3,2 проценти следната година, и второ зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестиции, односно покачување на пензиите и социјалната помош за 5 проценти и занчително зголемување на капиталните инвестиции со цел да се поттикне развојната компонента на буџетот. Вкупните приходи во буџетот за следната година се планирани на ниво од 176 милијарди 804 милиони денари, што е за 6 проценти повисоко од 2015-та година, или 9 милијарди 962 милиони денари“, соопшти вицепремиерот и мнистер за финансии, Зоран Ставрески.

Макроекономските проекции овозможуваат раст на економијата со оглед и на најавените инвестиции и стабилизирањето на европската економија.