Средба Иванов- Чавков, мигрантската криза во фокус
Според МВР, во државава дневно влегуваат од 6 до 7 илјади странски државјани, а се очекува зголемување на бројот на мигранти...

Надлежните институции за справување со криза функционираат со зголемени активности и се соочуваат со недостиг на капацитети во материјална, кадровска, техничка опременост и превозни средства, заклучок од средбата на претседателот Иванов и министерот за внатрешни работи Чавков.
Министерот за внатрешни информирал дека МВР побарало помош и асистенција од ЕУ во остварувањето на системот за превенција за дополнување на потребните капацитети, додавајќи дека една земја-членка со организирани институционални капацитети ги наведува мигрантите кон нашата јужна граница, додека други земји-членки го попречуваат нивното движење кон посакуваната држава во Унијата.
Според Чавков, балканскиот мигрантски коридор во изминатите десетина дена, во неколку наврати е прекинуван. Според МВР, во државава дневно влегуваат од 6 до 7 илјади странски државјани, а се очекува зголемување на бројот на мигранти. Доколку се прекине коридорот и се затворат границите, но и поради временските прилики, Македонија ќе биде принудена да примени планови со соодветен одговор за да ја заштити својата национална безбедност, нагласил министерот за внатрешни работи.
