Грција: Оставка на новоименуваниот заменик- министер за транспорт
24.09.2015 13:13
Оставката е дадена откако премиерот Алексис Ципрас побарал од лидерот на помалиот коалициски партнер да ја провери автентичноста на неколку расистички и хомофобски коментари...

Грчкиот заменик-министер за транспорт Димитрис Каменос, член на Независни Грци, поднесе оставка само неколку часа откако беше именуван на функцијата. Тој изјавил дека ја напушта функцијата по скандал во врска со навредливи пораки на негиот профил на Твитер.
Оставката е дадена откако премиерот Алексис Ципрас побарал од лидерот на помалиот коалициски партнер да ја провери автентичноста на неколку расистички и хомофобски коментари објавени на страницата на новиот заменик-министер.
