Акција „Ќелија“: Уапсен Скопјанец осомничен дека е дел од мрежата на ИД

24.09.2015 13:47

Тој се бараше по меѓународна потерница поради сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“...

Косовската полиција го привела 40-годишниот скопјанец кој се бараше со потерница за акцијата „Ќелија“, за што бил информиран и македонскиот Интерпол.

Тој се бараше по меѓународна потерница поради сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени и параполициски формации“.

Опфатен е со кривичната пријава поднесена во август годинава против 36 лица од Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга поради што од надлежниот суд во отсуство му беше изречена мерка притвор.