Клиника за хематологија: За 15 години- 350 трансплантации на матични клетки
24.09.2015 14:50
Земјава има регистар на доброволни дарители во кој се запишани околу 2 илјади граѓани...

За 15 години на Клиниката за хематологија биле извршени 350 трансплантации на матични клетки од фамилијарен дарител. Докторите се надеваат дека наскоро ќе почнат со трансплантација од несроден.
Извршена е едукација на лекари. Земјава има регистар на доброволни дарители во кој се запишани околу 2 илјади граѓани.
За оваа трансплантација секоја година во странство се праќаат по 10-тина пациенти, а интервенцијата чини од 150 до 300 илјади евра.
