Повисоки пензии и социјална помош во 2016-та
Од 2006-та година наваму, Владата ја зголеми социјалната парична помош за вкупно 47 проценти, а постојаната за 46. Социјалната помош во 2006-та изнесувала 2.900 денари, а сега е 4.700 денари. Постојаната парична помош пред 9 години била 3.695 денари, а сега е близу 6.000 денари...

За пет насто ќе растат социјалната помош и пензиите. Законските измени го минале владиниот филтер на последната седница, објави попладнево премиерот Груевски на социјалните мрежи.
„Покрај тоа што годинава помошта што ја добиваат најзагрозените граѓани, приматели на социјална и на постојана парична помош, ја зголемивме за 10 проценти, предвидуваме ново дополнително зголемување за наредната година од нови 5 насто“, пишува премиерот Груевски на Фејсбук.
Од 2006-та година наваму, Владата ја зголеми социјалната парична помош за вкупно 47 проценти, а постојаната за 46. Социјалната помош во 2006-та изнесувала 2.900 денари, а сега е 4.700 денари. Постојаната парична помош пред 9 години била 3.695 денари, а сега е близу 6.000 денари.
До година за 5 насто ќе растат и пензиите. Со сегашната септемвриска, 23 илјади пензионерите добија повеќе пари за 8 насто. Со покачувањето годинава се зголеми просечната пензија во Македонија. Таа сега изнесува 213 евра. Според јунските податоци на Фондот за пензиско и инвалдиско осигурување, во Македонија има 297.472 корисници на пензија, а просечната во јуни изнесувала 12.490 денари.
„Со ова остваруваме две големи наши ветувања пред граѓаните, со што уште еднаш покажуваме дека за нас дадениот збор е наша обврска, продолжуваме да работиме за доброто на сите граѓани и да помагаме секаде каде што можеме“ пишува премиерот Груевски.
Викторија Милевска
